Турците ги провоцираа Украинците со Путин, тренерот порача: Ова е хорор!

263

Турски Фенербахче испадна од Лигата на шампионите од Динамо Киев по продолженијата. По 90 минути беше 1:1, а потоа во 114. минута украинскиот тим славеше со голот на Олександр Караваев.

Натпреварот го одбележаа скандирањата на турските навивачи кои провоцирајќи ги Украинците го извикуваа името на Владимир Путин, претседателот на Русија кој на почетокот на оваа година нареди инвазија на Украина.

Мирчеа Луческу, тренерот на Динамо Киев, по ваквото скандирање одлучи да не одржи прес-конференција. Тој по мечот во Истанбул зборуваше само за телевизија. “Игравме како што се договоривме, не се грижевме многу за навивачите. Сепак, не очекував вакво нешто. Ова навивање е хорор, што друго да кажам”, изјави Луческу.

ПретходноАндреј Добрковиќ е нов член на Вардар
Следно„Лавовска“ офанзива на Софија