Фетел се пензионира на крајот од сезоната

104

Шокантни вести за фановите на Себастијан Фетел, еден од најуспешните Формула 1 возачи во последната декада. Тој на социјалните мрежи утринава објави дека по зарувањето на актуелната сезона ќе се пензионира, односно ќе го напушти Формула 1 шампионатот.

„Овде сум за да објавам дека заминувам во пензија и дека го напуштам Формула 1 шампионатот на крајот на оваа сезона. Го сакам овој спорт, тој е оската на движењето на мојот живот откако знам за себе. Сепак, во животот постојат и други работи на кои мора да се обрне внимание. Татко сум на три деца и сопруг на прекрасна дама. Сакам да сум покрај моето семејство, а освен Формула 1 ме интересираат и мал милион други нешта. Сакам да им се посветам ним, а поради обврските во Формула 1 тоа е невозможно“ – напиша Фетел.

ПретходноМекнил ќе биде замената за Ришарлисон во Евертон
СледноМолина и официјално во Атлетико Мадрид