Барселона на средината на овој месец претстави две големи засилувања, Роберт Левандовски кој пристигна од Баерн и Рафиња кој беше доведен од Лидс.
Каталонскиот клуб има проблем што засега не може да ги пријави тие двајца за настап во Ла Лига.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, претседателот на клубот Жоан Лапорта одлучил да активира уште една опција за повлекување капитал и таа на Каталонците ќе им донесе сума од 100 милиони евра.
На овој начин, Барселона во догледно време ќе може да ги пријави и двајцата играчи во Ла Лига. Екипата на Блауграна во новото издание на шампионатот стартува на 13 август против Рајо.
Регулативата во шпанското првенство налага вкупните плати на фудбалерите на еден тим да бидат максимално 70% од приходот што го има клубот.
За потсетување, поради финансиските проблеми во последните две години, особено како резултат на пандемијата на Ковид, Барселона има акумулирано долгови од над една милијарда евра.
Во последниве месеци, Жоан Лапорта состави план за пресврт кој вклучува продажба на 49 отсто од акциите во BLM и склучување договор за ТВ правата на тимот.
Така Барса ќе има вкупна сума од 740 милиони евра, но распоредена на неколку години.
Покрај тоа, Лапорта го намали и износот на платите. Тој ги намали платите за 50% и предложи максималниот праг што може да го достигне еден играч да биде 10 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и играчите кои се нови во клубот.