Семејството Шумахер потроши речиси три милиони евра за нов почеток

379

Семејството Шумахер платиле речиси три милиони евра за земјиште во Мајорка. На тој простор ќе изградат ранч за коњи, сличен на оној што го имаа во Швајцарија и Тексас.

Земјиштето е на површина од над 54.000 квадратни метри и се наоѓа во близина на градот Пост Андраткс. На парцелата се наоѓаат некои дотраени објекти кои мора да се срушат, а истата ќе има ранч за коњи и зимска семејна куќа, која ќе биде нов почеток за нив.

Да потсетиме, поминаа осум години од кобната несреќа на Михаел Шумахер. Седумкратниот светски шампион падна на скијање во Франција, удирајќи со главата во карпа. Засега нема официјални медицински информации за неговата здравствена состојба.

Шпекулациите остануваат и треба да се биде внимателен со нив бидејќи објавувањето на неофицијални информации може да резултира со тужба од страна на семејството Шумахер, па информациите за Михаел се појавуваат многу ретко и никој не ја знае вистинската состојба на легендата.

ПретходноЧупиќ го убедил Дибиров да дојде во Загреб!
СледноРоналдо пред кам-бек во тимот за кого пред неколку недели излезе со демант!