Ако се здебели ќе изгуби пари: Му дадоа 231 милион долари, но поставија ригорозни услови!

375

Зајон Вилијамсон ќе мора да внимава на тежината во претстојната сезона. Иако одигра само 85 натпревари во НБА, тој доби сличен договор како и Никола Јокиќ.

Тој потпиша петгодишен договор со Њу Орлеанс вреден 193 милиони долари, но таа бројка може да се искачи на 231 милион долари во случај на одредени бонуси. Во исто време, оваа бројка може да се намали доколку не внимава на исхраната.

Американските медиуми пренесуваат дека се вметнати одредени ригорозни клаузули и дека Зајон ќе има случајни мерења во текот на сезоната каде што не смее да надмине 134 килограми.

Поради проблеми со стапалото, Зајон остана во аут целата претходна сезона, а во сезоната 2020/21 покажа што знае и умее, постигнувајќи просечни 27 поени, 7,2 скока и 3,7 асистенции по меч.

Пеликанс немаат намера да го пуштат првиот пик на драфтот да се опушти и повторно да се здебели, па затоа воведоа некои превентивни мерки. Толку се опушти во еден момент, што се шпекулираше дека тежел преку 150 килограми.

ПретходноКалин Ивановски се избори за полуфинале во Австрија
СледноКарлос Саинц најдобар на првиот тренинг на Хунгароринг