На Вардар на стартот во новата сезона во ВМФЛ нема воопшто да му биде лесно во Чегране против Арсими. Имено со најновите потези новиот второлигаш покажува дека не се шегува, дека нема да игра епизодна улога во единствената Втора лига. Деновиве за нов тренер е назначен Бујар Ислами, човекот кој пред две години ја однесе Ренова во Европа, потоа кусо време успешно го водеше и тимот на Беса во дел од минатата сезона. Што се однесува до играчкиот кадар, тимот на Арсими и тоа како се засили. Имено речиси половина од играчите кои изминатата сезона играа за Ренова сега се во Арсими, и тоа Садики, Фетаи, Ислами, Гафури а нови играчи се и Асани кој некогаш важеше за голем талент на Шкендија, потоа Имери од Гостивар.