Баерн ја остави Борусија Дортмунд без важно лице во тимот!

234

Маркус Пилава со години беше главен на скаутите во тимот од Дортмунд. Тој е еден од најдобрите во својата работа и во иднина ќе биде дел од Баерн Минхен.

Пилава побара раскин на договорот со Борусија, го извести клубот дека сака да му се приклучи на Баерн и клубот му ја исполни желбата и вчера му беше раскинат договорот.

„Имаше проблеми во клубот веќе некое време. Неговиот однос со тренерот Един Терзиќ и шефот Ханс Јоаким Вацке беа крајно затегнати“, пишуваат германските медиуми.

Баерн веднаш го потврди ангажманот на Пилава во својот тим. Тој го презеде раководството на скаутинг службата и на овој начин гигантот од Минхен доста му ги замрси плановите на ривалскиот клуб.

На овој начин Баварците и се „одмаздија“ на Борусија, која во јуни го ангажираше скаутот на Баерн Лоран Бусер.

ПретходноРоналдо пред кам-бек во тимот за кого пред неколку недели излезе со демант!
СледноПливачката која за малку ќе се удавеше ја отвори душата