Летниот период барем што се однесува до ракометот секогаш е резервиран за турнирот во Струга кој со години традиционално се одржува на игралиштето на „Женска плажа“.
Годинава, како и изминатите турнирот е силен, со топ екипи, а во групата А, ќе се најдат домаќинот Струга, како и Е.Пелистер. Грчки АЕК како и Татран Прешов, трофејниот тим од Словачка.
Од друга страна пак, Вардар ќе биде во групата Б, заедно со словенечкиот тим на Целје, а македонските претставници, Алкалоид и Буте.