Кошаркарите кои ја „растурија“ Македонија на списокот на Скариоло за ЕП 2022

215

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, Серхио Скариоло го објави поширокиот список за Европското првенство 2022 година. За првпат на едно големо натпреварување нема да биде ниту еден од браќа Гасол. Предводници треба да бидат ветераните Серхио Љуљ и Руди Фернандез, како и браќата Хернангомес и Лоренцо Браун, натурализираниот Американец.

Од оние кои играат против Македонија се најдоа, Алберто Дијаз, Хаби Лопез-Аростеги, Џонатан Бареиро, Дарио Бризуела, Хамес Фернандез, Фран Гуера, Хоел Пара, Хаиме Прадиља, Себас Саиз, Микел Салво, Јанкуба Сима.

Шпанија ќе игра во Тбилиси против Бугарија, Грузија, Белгија, Црна Гора и Турција.

ПретходноЃорѓиески се врати во Прилеп !
СледноИзвлечени групите за Струга, Вардар оди на Целје, Е.Пелистер против АЕК