Жил Кунде е новото засилување на Барселона. Досегашниот дефанзивец на тимот на Севиља пристигна на Ноу Камп како сериозно засилување во одбраната, старата болка на Барселона во последните неколку години.
„Многу сум горд и благодарен за оваа можност. Возбуден сум бидејќи пристигнувам во голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и да почнам да играм. Севиља е исто така голем клуб, но Барса е следниот чекор во мојата кариера. Сакам да се борам за сите трофеи и затоа сум тука“, изјави Кунде.
The first thoughts from @jkeey4 on his arrival in Barcelona pic.twitter.com/CQTb5ms6L5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022