Кирил Лазаров денеска почнува ново поглавје во својата кариера. Веќе е познато дека актуелниот македонски селектор ќе биде нов тренер на Алкалоид. Ова ќе биде прво искуство за него како предводник на еден клуб.
Алкалоид ќе тренира во салата „Авоткоманда“, прозивката е закажана за околу 18 часот.
Средината не е непозната. Лазаров на располагање ќе има млади ракометари, дел играат за најдобриот национален тим, дел за младите селекции. Па целта на дебитантот во Супер-лигата е долгорочна, сите тие да созреваат преку мечевите во најсилното домашно првенство и заедно да чекорат по вистинските патеки за подобро утре на ракометот.
Лазаров исто како во националниот тим ќе се обиде да го пренесе своето богато играчко искуство на кое му стави крај по завршување на минатата сезона.
Алкалоид во новата сезона ќе игра во група со Струга, Вардар Неготивно, Бутел Скопје, Прилеп, Охрид, Вардар 1961, Прилеп и Куманово. Во првото силите ќе ги одмери со Прилеп на гости.
Првиот тест за Лазаров и неговите избраници во рамките на подготовките треба да биде струшкиот турнир.