Шкендија синоќа против Валмиера го продолжи својот европски поход во квалификациите во Лигата на Конференции. Триумф во реваншот со 3:1 и со севкупни 5:2 се пласира во третата квалификациска рунда во ова натпреварување. А таму тетовци ги чека двомеч со АИК од Шведска. Првиот меч се игра во Стокхолм на 4 август, а реваншот во Скопје една недела подоцна.
Во вторник на 2 август, во Нион ќе се одржи ждрепката за плеј – офот во Лигата на Конференции. Па така, ако тетовци успеат да ја минат екипата од Шведска, во плеј – офот би можеле да играат и со екипи како Вилјареал, Вест Хем, Фиорентина, Келн, потоа поразениот од АЕК Ларнака и Партизан. Има и екипи кои исто така се квалитетни, но не звучни како претходниве.
Во секој случај Шкендија и тоа како ќе има силен противник за влез во групната фаза во Лигата на Конференции, сепак треба прво да се мине АИК во третата квалификациска рунда.
А кој ќе биде тој можен ривал, останува да почекаме до 2 август кога е закажана ждрепката во Нион.