Раководството на Пелистер и натаму е во потрага по квалитетни засилувања. Па така од денеска ново име Љавдрим Фазлиу, младо офанзивен играч за врска кој дојде во Битола од таборот на Македонија ЃП. Да потсетиме дека Фалзиу веќе има играно за битолски Пелистер и остави солиден впечаток. Претходно тој бече член на Работнички, каде и ја започна својата кариера.
Ова значи дека Пелистер, со Фазлиу, но и со останатите летни засилувања, во претстојната сезона во ВМФЛ, и тоа како ќе има видна улога во „кроењето“ на врвот на табелата.