Тимо Вернер дојде во Челзи како едно од најголемите засилувања летото 2020 година, трансфер вреден околу 53.000.000 евра од Лајпциг, но не се прослави во изминатите две сезони.
Германскиот напаѓач одигра 56 натпревари во Премиер-лигата и постигна 10 гола, премалку за играчот од светска класа.
26-годишниот Вернер не се вклопуваше во стилот на игра на Челзи, ниту пак ја сака Англија, па заминувањето е најдоброто решение за сите.
Во претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус, а денеска шпанските медиуми тврдат дека Вернер е интересен за европскиот шампион Реал Мадрид.
Вернер во Мадрид би ја имал улогата на резерва за Карим Бензема, ако може да го сметаме за вистинска конкуренција.