РК Алкалоид денеска ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

282

Денеска РК Алкалоид, новиот член на ракометната Суперлига ги стартуваше подготовките. Познато е дека нов стратег на тимот ќе биде нашата ракометна икона Кире Лазаров, инаку актуелен селектор на нашата машка репрезентација. Ова значи дека амбициите на овој клуб и тоа како се големи во блиска иднина. Самиот спонзор на клубот и името на тренерот кажуваат многу нешта.

Првиот собир екипата го имаше во салата Автокоманда во Скопје. Првите денови од подготовките ќе се одработат во Скопје за да потоа на 3 август се заминува во Маврово.

РК Алкалоид ова лето ќе учествува на два силни турнири во склоп на подготовките, во Струга и во Србија.

May be an image of 1 person and indoor

May be an image of 4 people and people standing

May be an image of 3 people and people standing

May be an image of 3 people and people standing

May be an image of 4 people, people standing and indoor

ПретходноАрсими не се шегува: Ислами нов тренер, “пола“ Ренова потпиша за второлигашот од Чегране!
СледноОфицијално: Ренова со писмо го извести ФФМ дека нема да игра во ПМФЛ!