Како што попладнево известуваат медиумите во Романија, некогаш големиот талент на мак – фудбалот Давид Тошевски најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Универзитатеа Крајова. Тој е веќе во Крајова каде се водат завршните разговори со челниците на клубот и се очекува во наредните часови овој трансфер и официјално да се објави.
Инаку познато е дека Тошевски пред две години за 900.000 евра направи трансфер од Работнички во Ростов, но од тогаш наваму на младиот напаѓач никако да му тргне. Ги менуваше клубовите, потоа беше праќан и на позајмица, но никако не можеше да се врати во старата форма од времето кога играше во Работнички.