Роналдо пред кам-бек во тимот за кого пред неколку недели излезе со демант!

1563

Кристијано Роналдо и ова лето го направи супер-интересно. Откако Манчестер Јунајтед не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите, плановите на Португалецот целосно се променија.

Тој по долгиот одмор се врати во Манчестер, но со една цел, да го убеди клубот да ја раскинат соработката за да може во новата сезона да игра во ЛШ. Иако многу пати токму „црвените ѓаволи“ потенцираа дека не е на продажба, Роналдо продолжува да врши притисок.

Сега веќе им дал до знаење дека има тим. И тоа Спортинг Лисабон, клубот за кого пред неколку недели демнатираше дека ќе биде негова следна дестинација. Чудно, но вистинито од оние сите информации кои ги пласираат светските медиуми, засега никој не „загризал“ силно за Роналдо, кој важи за еден од најдобрите играчи.

А колкава е неговата желба да игра во Лигата на шампиони, говори фактот дека е подготвен да потпише за помала сума на пари.

До сега како опција се споменуваа Наполи, Челзи, Баерн, Сити и Ливерпул.

ПретходноСемејството Шумахер потроши речиси три милиони евра за нов почеток
СледноБаерн ја остави Борусија Дортмунд без важно лице во тимот!