Алекс Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед, и тоа по пауза од 10 години. Најуспешниот тренер или манеџер во историјата на клубот од “Олд Трафорд“ сега ќе биде советник и член на УО на клубот.
Тој се врати во клубот откако доби покана од страна на новиот Извршен директор Ричард Арнолд, кој состави тело од пет члена кои би го советувале. Покрај Фергусон во тоа тело треба да биде и прославениот капитен на Јунајтед, Брајан Робсон.
Треба да се каже дека Фергусон учествуваше на состанокот на првите луѓе на клубот со Роналдо, кога Португалецот беше убедуван да остане.