Чупиќ го убедил Дибиров да дојде во Загреб!

385

Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Вуко Борозан, тројцата екс-играчи на Вардар ќе се обидат да му донесат на ППД Загреб подобри времиња во Лигата на шампиони. Последен во составот на хрватскиот тим се приклучи Тимур Дибиров, кој одлучи дека е време да се раздели со Вардар, особено по елининацијата од Лигата на шампиони.

Дибиров за хрватските медиуми откри дека Чупиќ е главната причината поради која се преселил во Загреб, добро го убедил.

„Кога ми се јави Чупиќ и ми објасни се, сфатив дека би сакал да бидам дел од овој проект, не е доволно само да бидеш силен на хартија. Да беше се така лесно, секоја година би ги победувале ПСЖ, Кил и Барселона“, откри Дибиров.

ПретходноУЕФА покрена постапка против Фенер, а ќе има ли санкции за ЦСКА Софија за тоа „Бугари, Бугари“!?
СледноСемејството Шумахер потроши речиси три милиони евра за нов почеток