Шкупи во вторник ќе ги дознае можните ривали во плеј – офот во ЛЕ или ЛК!

841

Веќе е познато дека во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, нашиот шампион, тимот на Шкупи ќе игра против Шамрок Роверс, тим од Р. Ирска. Првиот меч се игра во Даблин на 4 август, а вториот во Скопје на 9 август.

Во случај на триумф на двата меча четата на стратегот Гоце Седлоски ќе игра во плеј – офот во Лигата на Европа, а во случај на елиминација од Ирците, за што никој не помислува во нашата фудбалска јавност со оглед на квалитетите на тимот на Седлоски, тогаш чаирчани ќе играат во плеј – офот во Лигата на Конфренции.

Можните ривали за плеј – офот во двете натпреварувања, Шкупи ќе ги дознае во вторник кога ќе се одржи ждрепката во Нион.

Секако дека најдобра варијанта е Шкупи да го мине Шамрок со што би играл во плеј – офот во ЛЕ, а притоа ќе има загарантиран настап во групната фаза во Лигата на Конференции и се разбира приход од најмалку 4,2 милиони евра.

ПретходноБарса не запира: Бернардо Силва на “Камп Ноу“!?
СледноФергусон после 10 години се врати во Јунајтед!