Ѓорѓиески се врати во Прилеп !

232

Екипата на Прилеп, која пред два ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, се засили со поранешниот младински репрезентативец, Пеце Ѓорѓиески.

Станува збор за искусен ракометар, кој настапува на позицијата пикер. Ѓорѓиески во изминатата сезона настапуваше за екипата на Струга, клуб со кој ја освои 9. позиција во македонската елита.

Искусниот кружен напаѓач потекнува од школата на Прилеп, а во својата кариера го носеше дресот и на Тутунски Комбинат, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички, Радовиш и Тиквеш.

Претходно Прилеп ја продолжи соработката и со левото крило Христи Бикоски.

Прилеп во регуларниот дел од новата сезона ќе игра во групата А заедно со Вардар Неготино, Струга, Вардар, Бутел Скопје, Алкалоид, Охрид и Куманово. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, додека останатите четири ќе се преселат во плеј-аут групата.

ПретходноВо Реал лажна тревога за Модриќ
СледноКошаркарите кои ја „растурија“ Македонија на списокот на Скариоло за ЕП 2022