Андреј Андоноски му остана верен на тимот на МЗТ Скопје Аеродром и потпиша нова тригодишна соработка со во моментов најдобриот кошаркарски колектив во Македонија.
Репрезентативецот, до скоро младински, а во моментов и сениорски, е еден од најквалитетните млади кошаркари кај нас, и е перспектива на клубот. Игра на позицијата крилен центар, има 203 сантиметри и се очекува во следниот период да добие сериозна минутажа.
Тој е десеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.