Барса не запира: Бернардо Силва на “Камп Ноу“!?

497

И покрај сите прашања до Хоан Лапорта, првиот човек на Барселона, од каде му се парите за тие силни трансфери, а тој шеретски одговори, Барселона не престанува да ја изненадува фудбалската јавност. По Левандовски, Рафиња, Кунде и останатите ѕвезди кои ги донесе ова лето, сега Лапорта се подготвува за нова трансфер “бомба“, а тоа е ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентативец на Португалија, Бернардо Силва. Офанзивецот на Сити за 67 милиони фунти, барем според пишувањето на медиумите на Островот, би можел да се пресели на “Камп Ноу“.

Нема што, Барса спрема страшен тим за новата сезона.

ПретходноРК Скопје го претстави Трајковски!
СледноШкупи во вторник ќе ги дознае можните ривали во плеј – офот во ЛЕ или ЛК!