Милан го комплетираше трансферот на Де Кетелар!

198

Се чини дека е готово, дека Милан доби навистина големо засилувања во Шарл де Кетелар. Младата фудбалска ѕвезда на Белгија и довчерашен член на Клуб Бриж, во иднина ќе го носи дресот на шампионот на Италија. Преговорите беа долги и мачни, но на крајот сепак завршија успешно. Милан на Клуб Бриж треба да му плати отштета во висина од 35 милиони евра.

Се очекува во текот на викендов Милан и официјално да го потврди трансферотм, се разбира откако ќе се извршат лекарските прегледи.

ПретходноПријателска: Работнички подобар од Беса со 3:2!
СледноРоналдо порача: “Кралот“ ќе игра во недела! (ФОТО)