Реал Мадрид најде замена за Бензема, „вишокот“ во Челзи доаѓа на „Бернабеу“

1314

Тимо Вернер дојде во Челзи како едно од најголемите засилувања летото 2020 година, трансфер вреден околу 53.000.000 евра од Лајпциг, но не се прослави во изминатите две сезони.

Германскиот напаѓач одигра 56 натпревари во Премиер-лигата и постигна 10 гола, премалку за играчот од светска класа.

26-годишниот Вернер не се вклопуваше во стилот на игра на Челзи, ниту пак ја сака Англија, па заминувањето е најдоброто решение за сите.

Во претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус, а денеска шпанските медиуми тврдат дека Вернер е интересен за европскиот шампион Реал Мадрид.

Вернер во Мадрид би ја имал улогата на резерва за Карим Бензема, ако може да го сметаме за вистинска конкуренција.

ПретходноРадован Блажевски од Кичево освои макси ЏЕК ПОТ од 185.211 денари со среќни топчиња
СледноЛапорта има план како да ги регистрира Рафиња и Левандовски