Шкупи се пофали со Бесир Демири

311

Како што најави Спортмедиа уште во текот на вчерашниот ден, Бесир Демири е нов член на тимот на Шкупи. Некогашниот младинец, но и првотимец на овој клуб, а потоа и на Шкендија, Вардар, Мариупол, Жилина, Кукси и Динамо Тирана, се враќа во своето јато, од каде што и ја започна фудбалската кариера.

Шкупи беше во потрага по лев бек, во игра беше и Херера, колумбиецот со македонски пасош, но од Чаир се одлучија сепак за проверена варијанта.

Демири ќе биде уште еден плус во екстра силниот состав на Шкупи за следната сезона во која овој тим ќе се обиде да ја одбрани титулата во домашниот шампионат.

ПретходноБорха Мајорал потпишува со Гетафе
СледноЛК: Шкендија, ако го мине АИК, во плеј-офот би можела со Вилјареал, Вест Хем, Фиорентина,Келн…