Расел со перфектен последен круг до пол – позиција на Хунгароринг!

116

Сензација во квалификациите за ГН на Унгарија на патеката на Хунгароринг. Имено Џорџ Расел, возачот на Мерцедес со брилјантен последен круг во третиот дел од квалификациите, успеа да му го украде првото место на Карлос Саинц од Ферари и со мала предност од само 0.044 сепак да ја освои својата прва пол-позиција во својата кариера.

Трет беше Шарл Леклер, исто така од Ферари, кој едноставно не можеше да се носи со првите двајца попладнево на Хунгароринг.

Тоа е таа тројка што утре ќе биде на првите позиции на стартот за ГН на Унгарија која ќе започне во 15 часот.

Неверојатно, светскиот првак Макс Ферстапен ќе стартува од десетата позиција, тој имаше технички проблем.

ПретходноПортугалија не „уништи“ со 67 поени разлика
СледноРоналдо тренираше во Манчестер, утре ќе игра против Рајо