Откако првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта на неколку наврати најави потенцијално враќање на Лионел Меси на Ноу Камп по ова прашање се огласи и тренерот на тимот, Чави.
Тој истакна дека е глупаво воопшто да се разговара на темата, дали некој би сакал да го има Лионел Меси во тимот, и дека тоа не е прашање кое што треба да се дискутира.
„Би сакал да кажам дека времето на Лионел Меси во Барселона не е минато, и дека тој еден ден повторно ќе се врати тука. Меси заслужува друга шанса во овој клуб. Би сакал да се врати, апсолутно сум за тоа“ – изјави Чави.