Дарко Чурлинов одлично ја почна новата сезона во дресот на Штутгарт, беше стрелец на единствениот гол против Динамо во рамките на Купот на Германија (0-1). Македонскиот репрезентативец најави дека е во форма, што пак е одлична вест и за македонската репрезентација.
Чурлунов стрелаше во 33. минута на средбата.
„Јас само истрчав на втората статива на голот, знаев дека нивните дефанзивци ќе бидат фокусирани понапред. Во периодот со црвениот картон имавме проблем, имавме малку недостиг на пристап. Но, на крајот се покажа добро, најважно е дека се пласиравме во следната рунда во Купот“, изјави Чурлинов.