Јуниорите на мегдан со Израел на ЕП, јуниорките против Португалија (ЛИНК)

182

Две македонски млади репрезентации денеска ја стартуваат својата авантура. Во центарот на вниманието се јуниорите кои ќе бидат дел од Европското првенство У18 кое се одржува во Измир.

„Црвено-жолтите“ ќе играат во групата А заедно со Израел, Франција и Велика Британија. Прв противник на Македонија е селекцијата на Израел, овој меч е закажан со почеток во 15 часот.

Во истиот термин од 15 часот, женската јуниорска репрезентација ја почнува својата авантура на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Софија. Нашите кошаркарки ќе ги одмерат силите со Португалија, додека за противници во својата група А ќе ги имаат селекциите на Хрватска, Луксембург и Велика Британија.

ПретходноПротивникот на Македонија не е пристигнат во Скопје, Индија – Казахстан не се одигра!
СледноМанасков се врати во Вардар