Тимо Вернер дефинитивно ќе го напушти Челзи. Но, Реал Мадрид нема да биде неговата следна дестинација, се враќа на местото каде што беше најдобар.
26-годишниот напаѓач нема да им многу простор кај Томас Тухел, па има опција да го напушти клубот. Најновото е дека ја прифатил понудата на Лајпциг. Тој одлучи да се согласи на сите услови, па и на 50% помала плата само да го облече дресто на својот некогашен тим.
Германецот во Челзи заработуваше околу 14 милиони фунти годишно, но сега ќе игра за помала плата, но ќе биде меѓу главните играчи. Во таборот на „сините“ дојде во 2020 година, сепак не се прослави.
На 89 меча постигна 23 гола, бројката можеше да биде многу подобра, но Вернер промашуваше чисти шанси и буквално ги полудуваше навивачите на клубот.