Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Милан, Швеѓанецот со балкански корени секогаш има приказна која е супер интересна за јавноста и медиумите.
Иако има 41 година тој сеуште сака да игра, токму и затоа го продолжи договорот со Милан, иако тој му носи само еден милион евра годишно.
Но на Златан важно му е сеуште да биде во центарот на вниманието.
Како поинаку може да се протолкува неговата последна изјава освен навистина мангупски.
„Ако јас одам во пензија тогаш фудбалот ќе УМРЕ“ изјави Златан нималку скромно.
Во негов стил, ќе се согласите.