Израел не приземји на стартот на ЕП во Измир

161
На првиот меч на Европското првенство У18 во Измир, македонската кошаркарска репрезентација, загуби од очигледно во моментов поквалитетната селекција на Израел со конечни 79:70 и на најлош можен начин го стартуваше овој турнир. Во поголемиот дел од мечот, ние „бркавме“ негатива, особено во второто полувреме кога дојдовме и со минус шест, но немавме сила за нешто повеќе.
Првата четвртина „црвено-жолтите“ беа на ниво на задачата, поведоа со 3-7, па со 13-18, овој период го завршија со позитива од три коша (15-18). Израел отвори со серија од 8-0 по само минута и пол поведе со 23-18. На другата страна избраниците на Тони Симиќ беа изгубени, но на голема среќа брзо се вратија. Тео Симиќ го поведе тимот и зголеми на 25-28. Македонија застана, бројни нерализации, изгубени топки, освен Тео друг немаше кој да погоди или да направи нешто на Израел му донесоа водство од 42-34 на минута до одморот, на кој негативата беше 42-36.
Вториот дел, обата тима го започнаа во сличен, може да се каже идентичен ритам во кој ние мака мачевме да постигнеме поени, а и кога ќе се одбраневме, тоа не го користевме на спротивната страна. Ударот за три поени функционираше и повеќе од добро кај противникот, и тоа реално и ја направи разликата.
Шошкиќ на крајот од третиот дел со пет врзани поени, од кој три беа со звукот на сирената, направи разликата да биде само „минус“ шест, но тоа беше најблиску што Македонија стигна до резултатски приклучок.
До крајот на мечот Израел успеа да ја одржи оваа предност, на моменти таа имаше предзнак двоцифрена, а на крајот остана на девет.
Теодор Симиќ најјефикасен во нашиот табор со 25 поени и 12 скока, додека пак кај противникот Ноам Јаков забележа поен помалку. Шошкиќ додаде свои 18, а Бошалески застана на 10.
ПретходноМурињо сака играч од 100 милиони евра, лично се ангажирал за него!
СледноЈунајтед загуби од Атлетико, Ериксен конечно во дресот на Манчестер (ВИДЕО)