Иако Лејкерси целосно паднаа по освојувањето на титулата во 2020 година и сега се мачат да стигнат до плејофот, Леброн Џејмс не планира да го напушти тимот, барем засега.
Доколку се одлучи да ја промени средината тоа ќе биде само поради неговиот син, Брони.
Леброн Џејмс Јуниор има 17 години, игра на позиција плејмејкер и бек, прашање е дали воопшто ќе оди на факултет. Тој ќе мора да почека додека заигра во НБА-лигата, а за тоа време неговиот татко ќе биде дел Лејкерс.
Во моментов, Леброн има уште една година од договорот со Лејкерси вреден 44.500.000 долари, а планот е да му истече договорот и потоа да потпише нов максимален договор за две години вреден 97.000.000 долари. Откако ќе дојде редот Брони да дојде во НБА и веројатно тимот каде што ќе игра ќе потпише и неговиот татко.
Ова значи дека Леброн Џејмс иако има 37 години не размислува за пензија додека не ги оствари своите планови поврзани со неговиот син.