За Куманово заврши летниот одмор, под водство на Владимир Мирковски, кој во следните две години ќе биде на клупата на овој тим, се работи на создавање на ростерот за новата сезона.
Најново од Куманово е 25-годишниот Метју Кели. Американскиот кошаркар игра на плејмејкерската позиција, доаѓа од Асумпшн колеџ во втората НЦАА дивизија.
Таму минатата сезона во просек бележеше 15,9 поени и 3,9 асистенции и беше дел втората најдобра петорка на лигата.
Претходно Куманово го продолжи договорот со Ненад Зивчевиќ, Андрија Марјановиќ и Душан Јузбашиќ. Нови имиња се уште Марјан Јанески и кинескиот интернационалец Кикаи Сун.