Македонската кошаркарска репрезентација ова лето повторно ќе биде активна, ја почнува тешката битка за пласман на Европското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ стартуваат од претквалификации, а таму ќе играат против Данска, Словачка и Норвешка, првите мечеви се закажани за крајот на август.
Според првичниот план, Македонија требаше да биде учесник на турнир во Литванија, но го откажа ова гостување. Сепак пред стартот на претквалификациките дуели, новиот селектор, Александар Јончевски ќе има можност да ги тестира силите. Нашите кошаркари ќе бидат гостин на Црна Гора во Бар на 16. август.
Стартот на подготовките е закажан за 8. август во салата „Кале“, каде Македонија ќе ги игра претквалификациите. Прв противник е Данска, овој меч се игра на 25. август на гостински терен, три дена подоцна во Скопје е мечот со Словачка.