Женската кошаркарска репрезентација до 18. години доживеа дебакл на стартот на Европското првенство Б дивизија. Поразена е од Португалија со конечни 94:27, односно со 67. поени разлика.
За ваков резултат односно натпревар не треба премногу да се трошат зборови, затоа што самиот за себе доволно говори, и ќе кажеме само дека во моментов Португалија на ова ниво е сериозно поквалитетен ривал.
Следниот меч Македонија го игра против Луксембург, репрезентација која што на стартот забележа победа над Велика Британија со 69:61. Мечот против Луксембург го играме утре.
Марија Николов со девет поени беше најуспешна во нашиот табор. Ја следеше Евгенија Танаскоска со пет поени, еден помалку запиша Михаела Алексовска. По три поени запишаа Мартина Маркоска и Ана Милованова, а во листата на стрелци се запишаа уште и Анастасија Тодорова со два односно Климентина Модева со еден поен.