Попладнево во Струмица, екипите на А. Пандев и Победа одиграа пријателска средба, која беше и “генералка“ за двете прволигашки екипи во пресрет на стартот на сезоната следниот викенд. Во една вистинска голеада, домашниот состав победи со 4:3.
Добар меч во кој присутните просто уживаа во една фудбалска претстава на која имаше дури седум голови.
По првиот дел резултатот беше 1:1, потоа струмачани поведоа со 4:1, за да на крајот сепак прилепчанио го ублажија поразот.