Кристијано Роналдо ги поби сите шпекулации околу неговото евентуално останување во Манчестер Јунајтес, со фактот што тој денеска се појави во базата на клубот, и тренираше со екипата. Поточно со оние играчи кои не беа дел од составот на денешниот спаринг дуел против Атлетико Мадрид одигран во Осло.
Па така, Кристијано Роналдо и официјално се приклучи на подготовките на Јунајтед, иако се наговестуваше дека нема да биде така. Напротив, португалецот не само што се појави денеска, тренираше, туку најверојатно ќе биде дел и од утрешниот дуел кој тимот на Манчестер ќе го игра против тимот на Рајо Ваљекано.
Working in progress…💪🏽 pic.twitter.com/E2G5ZEayeG
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 30, 2022