Стојчевски “главен“ на мечот Молде – Кишварда во ЛК!

306

Игор Стојчевски, еден од нашите најдобри судии ќе биде главен арбитар на средбата од 3.квалификациско коло од Лигата на Конференции, меѓу Молде и Кишварда. Мечот ќе се игра во Норвешка на 4 август со почеток од 19 часот. На Стојчевски ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски.

Ова е уште една “европска задача“ за Стојчевски и неговите помошници, очекуваме добра “свирка“ од македонските делители на правдата и на овој натпревар во Молде на “Акер стадионот“.

ПретходноПолувреме: “Редси“ водат со 1:0, Александер – Арнолд стрелец! (ВИДЕО)
СледноБартош Франковски ќе му суди на Шкупи во Даблин, белгиски судии за Шкендија во Стокхолм!