Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Сенегал, им се обрати на присутните со пригодни зборови. Тој им се заблагодари на сите гости, односно на сите репрезентации на ова СП за кадетки што дојдоа во Скопје и им посака успешен настап. Секако дека им посака и многу среќа.
И покрај сите проблеми со транспортот, веќе сите репрезентации се во Скопје, па утре се очекува нов ден со возбудувања.