Чави: Секако дека сум за враќање на Меси во Барселона

152

Откако првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта на неколку наврати најави потенцијално враќање на Лионел Меси на Ноу Камп по ова прашање се огласи и тренерот на тимот, Чави.

Тој истакна дека е глупаво воопшто да се разговара на темата, дали некој би сакал да го има Лионел Меси во тимот, и дека тоа не е прашање кое што треба да се дискутира.

„Би сакал да кажам дека времето на Лионел Меси во Барселона не е минато, и дека тој еден ден повторно ќе се врати тука. Меси заслужува друга шанса во овој клуб. Би сакал да се врати, апсолутно сум за тоа“ – изјави Чави.

ПретходноАрсенал ја „сомле“ Севиља (ВИДЕО)
СледноМурињо сака играч од 100 милиони евра, лично се ангажирал за него!