Валтер: Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме!

343
Со максимално извршување на предвидената агенда на тренерот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги приведуваат кон крај базичните припреми во Маврово. Пет дена по ред пелистерци работат неколку тренинг сесии дневно, во комбинација на отворено и во сала. По утрешниот утрински тренинг тимот се враќа во Битола.
„Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме во погледот тука. Работиме многу напорно и задоволен сум со сите детали. Дури е и подобро од очекуваното. Имаме добра група на луѓе, работиме напорно секој ден и задоволен сум од сработеното.
Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме спремни“, изјави тренерот на битолчани Ларс Валтер.

ПретходноМакедонија – Сенегал презакажана за 21.30 часот!
СледноПријателска: “Пандевци“ ја совладаа Победа во вистинска голеада!