Велкоски капитен, Работнички го победи Кожуф!

634

Денеска во последниот контролен меч пред новата сезона во ПМФЛ, фудбалерите на Работнички со 2:1 го победија тимот на Кожуф, кој го води Ѓоре Јовановски кој во три наврати беше стратег на “романтичарите“.

Крсте Велкоски, кој се врати во Градски парк по цели 8 години, како што и доликува ја носеше капитенската лента, а головите за Работнички ги постигнаа Максимов и Рушевиќ.

Како што рековме ова беше последната проверка на четата на стратегот Љупчо Марковски во пресрет на стартот на сезоната 2022/23 следната недела.

ПретходноПријателска: “Пандевци“ ја совладаа Победа во вистинска голеада!
СледноЗлатан во свој стил: Ако јас одам во пензија тогаш фудбалот ќе УМРЕ!