Мега – спектакл: Клоп VS Пеп, деби на Нуњез и Халанд!

240

 

Ливерпул – Манчестер Сити, мега – дерби,мега – спектакл за сите вистински фудбалски фанатици на англискиот фудбал. Денеска во 18 часот на “Кинг Пауер“ во Лестер,двата најдобри кубови во Англија ќе водат битка за првата титула во сезоната 2022/23 и тоа во Комјунити Шилд, тоа е Суперкупот во Англија.

Јирген Клоп или Пеп Гвардиола, кој од овие двајца тренерски генијалци ќе се радува и ќе влезе во новата сезона во Премиер-лигата со голема самодоверба? Факт е дека овие два клуба и одново, како што беше во минатите неколку сезони, ќе бидат главни фаворити за новиот пехар во новата сезона во ПЛ.

Ливерпул како освојувач на ФА Купот а Сити како првак, денеска ќе ја имаат таа чест да се борат за пехарот кој “редси“ го чекаат уште од времето на Рафа Бенитез, да, Клоп уште го нема во својата богата колекција. Додека Пеп го посакува својот трет пехар во Комјунити Шилд.

Ова големо дерби ќе биде можност и за спектакуларно деби на Дарвин Нуњез кај Ливерпул и секако, Ерлинг Халанд за Сити.

Време е за мега –спектакл,време е за најдобриот фудбал во светот.

Не заборавајте денеска во 18 часот да ги вклучите вашите ТВ.

ПретходноМанасков се врати во Вардар
СледноМанасков: Се надевам дека клубот ќе го вратиме клубот онаму каде што припаѓа!