Наместо Литванија, кошаркарите на проверка кај Црна Гора!

151

Македонската кошаркарска репрезентација ова лето повторно ќе биде активна, ја почнува тешката битка за пласман на Европското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ стартуваат од претквалификации, а таму ќе играат против Данска, Словачка и Норвешка, првите мечеви се закажани за крајот на август.

Според првичниот план, Македонија требаше да биде учесник на турнир во Литванија, но го откажа ова гостување. Сепак пред стартот на претквалификациките дуели, новиот селектор, Александар Јончевски ќе има можност да ги тестира силите. Нашите кошаркари ќе бидат гостин на Црна Гора во Бар на 16. август.

Стартот на подготовките е закажан за 8. август во салата „Кале“, каде Македонија ќе ги игра претквалификациите. Прв противник е Данска, овој меч се игра на 25. август на гостински терен, три дена подоцна во Скопје е мечот со Словачка.

ПретходноАлберт Ламане Диене:Шкупи се пофали со репрезентативецот на Сенегал! (ВИДЕО)
СледноЛеброн не планира пензија, ќе ги напушти Лејкерси откако ќе земе 97 милиони долари!