Роналдо тренираше во Манчестер, утре ќе игра против Рајо

173

Кристијано Роналдо ги поби сите шпекулации околу неговото евентуално останување во Манчестер Јунајтес, со фактот што тој денеска се појави во базата на клубот, и тренираше со екипата. Поточно со оние играчи кои не беа дел од составот на денешниот спаринг дуел против Атлетико Мадрид одигран во Осло.

Па така, Кристијано Роналдо и официјално се приклучи на подготовките на Јунајтед, иако се наговестуваше дека нема да биде така. Напротив, португалецот не само што се појави денеска, тренираше, туку најверојатно ќе биде дел и од утрешниот дуел кој тимот на Манчестер ќе го игра против тимот на Рајо Ваљекано.

ПретходноРасел со перфектен последен круг до пол – позиција на Хунгароринг!
СледноОфицијално: Гостивар се засили со репрезентативец на Грузија!