Денеска во Скопје стартува Светското првенство во кадетската репрезентација. Ова е прв Мундијал на кој ќе учествуваат 32 земји, поделени во осум групи со по четири селекции, во главната фаза место ќе обезбедат најдобрите две од секоја група.
Македонската репрезентација до 18 години е во групата Б заедно Сенегал, Узбекистан и Иран, во рамки од групата Б. Селекторот, Љубомир Савевски и неговите избранички се фаворити за првото место во оваа конкуренција.
На првиот меч, Македонија ќе игра против Сенегал (20:30 часот) во салата „Борис Трајковски“, влезот за сите натпревари е слободен.
Мундијалот ќе се игра во три сали, покрај СЦ „Борис Трајковски“, домаќини се големата и малата сала „Јане Сандански“. Денеска на програмата ќе се одиграат 16 натпревари, почнувајќи од 10 часот.