Не во Шалке, веројатно нема да остане ни во Штутгарт,иако перфектно му тргна кај “швабите“, имено Дарко Чурлинов најверојатно ќе се пресели во Англија и тоа во тимот на Барнли, кој оваа сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип, или втората по ранг лига во таа земја.
Имено медиумите во Германија известуваат дека Винсент Компани, сегашниот стратег на Барнли, некогашен репрезентативец на Белгија и легенда на Сити, го посакувал токму Македонецот во своите редови. Се напоменува дека не само што има интерес од нивна страна туку тие биле подготвени да достават понуда до Штутгарт со цел да го откупат македонскиот репрезентативец.
Од страна на “швабите“ паксе вели дека Чурлинов останува кај нив, тие се презадоволни,но секако дека ќеја разгледаат секоја понуда за него кога ќе пристигне.