Савевски: Секој старт е тажок, мора да бидеме подобри и подобри!

217

Македонската женска кадетска репрезентација со убедлива победа стартуваше на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски на првиот меч ја совладаа селекцијата на Сенегал со 32-13.

Следен противник е репрезентацијата на Узбекистан, мечот се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот. Предводникот на „црвено-жолтите“ е среќен за победата, но вели дека треба да бидат внимателни, бидејќи денеска ќе имаат потешка задача.

„Секој старт на големите турнири е тежок, а девојките беа многу возбудени. Постоеја некои грешки, но, сепак, се работи за прв натпревар и ние ќе бидеме подобри. Среќен сум за победата. Во следниот меч имаме подобар противник, а во третата рунда го имаме Иран. Па, така, мора да бидеме подобри и подобри“, изјави Савевски. 

 

ПретходноМакедонија го “скрши“ Сенегал на стартот од СП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАлександар Илиевски го освои третото место во Робервал